
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, објави Телма.
Од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, без да прецизираат имиња, велат дека во рамки на предметот „Адитив“ од прибраните докази донесена е Наредба за спроведување на истрага за уште три лица.
Повеќе детали подоцна.