Skip to main content
Скопје

Автомобил вози по пешачка патека, чека инвалидска количка да се помести од патот – Сообраќајната култира во Скопје е на нула (ВИДЕО)

24/04/2025  14:53

Уште една поразителна слика за сообраќајниот хаос во Скопје затекна 24Инфо денес, откако во населбата Бутел автомобил за да ја избегне гужвата во сообраќајот се качи да вози по пешачка патека.

За да биде ситуацијата уште поапсурдна човек во инвалидска количка се движеше по пешачката патека и мораше “да направи место” за автомобилот да помине и да избегне да биде изгазен од истиот.

Ова се случуваше веднаш пред подвозникот во Бутел.