
При утовар на нафта од рафинеријата Панчево во шлеп на компанијата „Нафтахем“ во Нови Сад на 21 април околу 07:00 часот, околу 82.000 литри нафта се излеале во реката Дунав, соопшти Основното јавно обвинителство.
Веднаш по добивањето на известувањето, дежурниот обвинител излегол на терен и извршил увид со полицајците на СВ Панчево, во присуство на подрачните инспектори за заштита на животната средина, републичките инспектори за безбедност на пловидбата, како и републичкиот инспектор за превоз на опасни материи.
Институтот за јавно здравје земал мостри од вода во околината каде што истекла нафтата, за да го утврди степенот на загаденост, додека надлежни инспекции преземаат понатамошни мерки и дејствија поврзани со споменатиот настан и утврдување на причината.