Skip to main content
Македонија

ДУИ: Пристапот на експериментирање со Албанците продолжува со реални последици

24/04/2025  09:31

Соопштение на ДУИ:

Претставниците на коалицијата ЛЕН, кои со само 9 пратеници (1.3% ) тврдат дека ги претставуваат над 29% од Албанците во институциите, на ТВ имтервју продолжуваат да го релативизираат нивното минато политички дејствување, нарекувајќи го „експеримент што не успеал“.

Но проблемот не е неуспешниот политички експеримент.

Проблемот е што пристапот на експериментирање со Албанците продолжува – со реални и опасни последици.

Историски, најрепресивните режими во регионот – особено тој на Милошевиќ – ги користеле Албанците од Северна Македонија како инкубатор за тестирање на политики кон „албанското прашање“.

А она што порано доаѓаше однадвор, денес се спроведува одвнатре – со Албанци кои молчат или соработуваат на штета на колективните права на сопствениот народ.

Денес сме сведоци на нов бран експерименти:

Дали е експеримент обидот за нормализирање на влада без албанско мнозинство, без мандат и без правична застапеност?

Дали е експеримент поставувањето на проруската фигура Стоилковиќ на чело на Охридскиот рамковен договор?

Дали беше експеримент манипулацијата со резултатите од пописот, исклучувањето на дијаспората и намалувањето на процентот на Албанци од 29.3% на 24.5%?

Дали е експеримент оспорувањето на уставноста на Законот за јазиците пред Уставниот суд, за да се види колку долго ќе молчат Албанците?

Дали е експеримент укинувањето на балансерот и оставањето на институциите на милост и немилост на министри и директори со антиалбански ставови?

Дали е експеримент тоа што инспекторите за албански јазик не добиваат плата со месеци, со цел да се откажат и да се демонтира механизмот за спроведување на законот?

Сето ова не е ниту грешка, ниту случајност.

Тоа е модел – тестирање на границата на трпеливост кај Албанците.

Но вистината е дека додека се обидувате да експериментирате со Албанците, вие самите станавте експеримент на еден хибриден политичко-олигархиски блок – коалиција на интереси и темни агенди која ве користи за да го демонтира системот изграден врз еднаквост и соживот.

Овој експеримент ќе пропадне.

Како што пропаднале сите претходни.

Но овојпат, ќе пропадне заедно со вас.