
Во реваншот од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија, Милан синоќа како гостин го совлада градскиот ривал Интер со 3:0.
Стрелец на првите два гола беше Лука Јовиќ (36. и 50. минута), конечниот резултат го постави Тејани Рејндерс во 85. минута.
Во првиот натпревар екипите одиграа нерешено 1:1, па така со вкупни 4:1 Милан се пласираше во финалето.
Вториот финалист ќе биде одреден вечер по натпреварот Болоња – Емполи (прв натпревар – 3:0).