Skip to main content
Хроника

Возеле нерегистрирани службни возила во Делчево, па платиле 1.000 евра за казни

23/04/2025  15:19

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „несовесно работење во службата“ по член 353-в, а во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Пријавениот, директор во ЈКП „Брегалница“-Делчево, во периодот од 31.07.2024 до 24.03.2025, иако знаел и бил должен да знае, во повеќе наврати дозволил вработени да управуваат службени моторни возила кои не биле технички исправни и не биле регистрирани.

При извршени контроли, од полициски службеници од ОВР Делчево е констатирано дека возилата не биле регистрирани подолг период и биле издадени неколку прекршочни платни налози со вкупен износ од 50.909 денари, кој бил платен од пријавениот. На тој начин, С.С. нанел штета на јавното претпријатие за наведената сума од 50.909 денари.