Skip to main content
Свет

Нов силен земјотрес во Турција – преку 40 афтершокови

23/04/2025  14:29

Предмалку Турција повторно ја стресе уште еден силен земјотрес со магнитуда од 5.0 степени по Рихтер.

Преку 40 земјотреси, афтершокови следуваа по големиот земјотрес од 6.2 степени по Рихтер од попладнево.

Граѓаните се испаничени и стравуваат за својата безбедност.

Според прелиминарните извештаи, во Истанбул се треселе зградите, пренесува Ројтерс.

И понатаму нема информации за штетата која ја предизвикал земјотресот, како ни дали има повредени.