Skip to main content
Свет

Луѓе панично викаат: Први снимки од страшниот земјотрес во Турција

23/04/2025  13:13

Серија силно земјотреси ја потресоа Турција попладнево, од кој најсилниот земјотрес беше со јачина од 6.2 степени по Рихтер.

На снимките може да се види како луѓето при потресот почнуваат панично да викаат, веројатно потресени од минатите разорни земјотреси кои разурнаа делови од Турција.

Дури шест земјотреси попладнево ја стресоа западна Турција во рок од неколку минути.

Најсилниот земјотрес е од 6.2 степени по Рихтер, на кој му претходеше земјотрес од 3.9 степени, а следеа уште четири од 4.4, 5.3 и 3.6 степени по Рихтер.

Епицентарот на земјотресите е на 28 километри јужно од Силиври.