Skip to main content
Македонија

Палевски: Панче 10 години се занимавал со Манев, имало нетрпение и омраза меѓу нив

23/04/2025  12:33

Првообвинетот во предметот заа убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо потенцираше дека притисок се правел врз Велибор Манев како и врз Ерол Османи кај кого бил да поправа котли во периодот на убиството на Панче Жежовски.

Тој уште тврди дека не постојат информации од базните станици за критичните денови.

Според Телеком јас никогаш не сум бил во Бутел ниту на 22 ниту 28 ноември, што е речиси невозможно котлите на Ерол да бидат поправени. ОЈО користи лажни сведоци – убедува Палевски.

Палчо тврди дека не знае кој е Панче Жежовски ниту некогаш го запознал.

Наивните објаснувања на Манев се неточни. Постои повеќе од кавга за бекатон плочки меѓу нив. Има и кривична пријава од Жежовски до Манев. Таа е отфрлена во Велес, а во претставките до Советот на јавно обвинителство Жежовски тврди дека Манев е под заштита на Обинителството во Велес. Постои многу повеќе од недоразбирање. Панче 10 години се занимавал со Манев, имало нетрпение и омраза меѓу нив. Случајно или намерно на местото на настанот за убиството излегла обвинителката што ја отфрила кривичната пријава за Манев, тврди Палевски

За снимките кои ги презентираше Обвинителството, на кои се гледаат Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, а кои според обвинителите се подготвувале за грабнувањето на Панче Жежовски, Палевски рече дека се само збир на инсерти: „Очајниот обид со исказ на обвинети да се потврди ова видео е неуспешен“.

Го оспоруваше и исказот на сведокот Ерол Османи. Според Палевски, тој бил кај него да поправа котел на 22 ноември, а сведокот рече дека тоа не е точно. На рочиштето покажа и принтскринови од пораки кои ги размениле додека во тек бил поткаст, а во кои Палевски му велел дека ќе дојде кај него по поткастот кој во моментот го водел. Според Палевски, тоа се е лага.

„На 28 ноември, невозможно е да бидам во Бутел кај Османи и да поправам котел. Поткастот почна во 10:11 минути и траеше до после 12 часот. Османи тврди дека во 11:42 сум му пратил порака дека ќе дојдам кај него во Бутел. Проблем е што тој не ја говори вистината. Тогаш добив порака од експратеникот Бошков дека мојот глас на поткастот слабо се слуша, а ќерка ми ја земав од пред Алкалоид во околу 13 часот. Физички е невозможно да бидам во Бутел и да поправам котел“, додаде Палевски.