
Во напад врз туристи во индискиот регион Џаму и Кашмир загинаа 25 лица, а 17 се ранети, соопшти денеска полицијата.
Станува збор за најлошиот напад врз цивили во Индија од 2008 година, наведуваат агенциите.
Во нападот загинаае 25 Индијци и еден непалски државјанин.
Индискиот премиер Нарендра Моди ја прекина посетата на Саудиска Арабија и денеска се врати во Њу Делхи.
Одговорноста за нападот, во област со мнозинско муслиманско население, ја презеде малку познатата организација „Отпорот на Кашмир“.