Skip to main content
Свет

Дури шест земјотреси во неколку минути ја стресоа Турција – 6.2 степени најсилниот

23/04/2025  12:28

Дури шест земјотреси предмалку ја стресоа западна Турција во рок од неколку минути.

Најсилниот земјотрес е од 6.2 степени по Рихтер, на кој му претходеше земјотрес од 3.9 степени, а следеа уште четири од 4.4, 5.3 и 3.6 степени по Рихтер.

Епицентарот на земјотресите е на 28 километри јужно од Силиври. Засега не се знае дали има материјална штета или човечки жртви.