Skip to main content
Балкан

Трагедија во Загреб: Се опијаниле, па се степале – почина 31-годишен маж

23/04/2025  09:26

По консумирање алкохол во вторникот околу 20 часот, на улицата Златка Шулентица во загрепската населба Суседград настанала жестока физичка пресметка меѓу двајца мажи на возраст од 39 и 31 година.

Како што информира полицијата, тепачката се случила во стан, а при инцидентот помладиот маж им подлегнал на повредите.

Набргу по инцидентот, 39-годишниот осомничен бил пронајден на адреса на живеење во месноста Стењевац и приведен во полициска управа. Против него е покрената кривична истрага, која е во тек.

Полицијата продолжува со прибирање на информации и утврдување на околностите поврзани со трагичниот настан.