Skip to main content
Свет

Британски ловци полетале два пати за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски авиони

20/04/2025  14:26

Борбените авиони на британското воено воздухопловство (РАФ) полетаа двапати во последните 48 часа за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски борбени авиони, објавија денеска британските медиуми.

Британските „тајфуни“ беа ангажирани за два одвоени инциденти оваа недела, откако руски воен авион прелета премногу блиску до границата на НАТО, предизвикувајќи тревога, пренесува лондонски „Телеграф“.

Ова е првпат РАФ да биде повикан да интервенира како дел од операцијата „Чесмен“, новата мисија на НАТО за зајакнување на воздушната одбрана на Европа.