
Кошаркарите на Минесота со бреј во Лос Анџелес ја започнаа четвртфиналната серија против Лејкерси. „Шумските волци“ го добија првиот меч убедливо со 117:95.
Џејден МекДаниелс го предводеше победничкиот тим со 25 поени и девет скока. Назр Рид додаде 23 со пет украдени топки, а Ентони Едвардс постигна 22 поени, осум скока и девет асистенции.
Кај Лејкерси Лука Дончиќ постигна 37 поени (11/22) и имаше осум скока. Леброн Џејмс додаде 18, а Остин Ривс 16 поени.
Лошата втора и влезот во третата четвртина ги чинеше пораз „езерџиите“ кои беа подобриот тим во воведните 12 минути. Сепак, на пауза заминаа со негатива од 11 поени и нивните маки не завршија тука.
По враќањето од соблекувалната, Тимбервулфс тргнаа во серија од 11:0 и дојдоа до предност од 22 поени и го решија натпревар.
Новиот судир меѓу двата тима е закажан на истото место во Калифорнија во текот на два дена.
НБА, плеј-оф
Индијана Пејсерс – Милвоки Бакс 117:98
Денвер Нагетс – Лос Анџелес Клиперс 112:110
Њујорк Никс – Детроит Пистонс 123:112
Лос Анџелес Лејкерс – Минесота Тимбервулфс 95:117
19:00 Оклахома Сити Тандер – Мемис Гризлис
21.30 Бостон Селтикс – Орландо Меџик