Skip to main content
Свет

Келог: Украина нема да влезе во НАТО

20/04/2025  10:03

Украина нема да влезе во НАТО, а постојат други можности кои би можеле да се применат, изјави синоќа специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог.

„Влегувањето на Украина во НАТО не е на маса“, изјави Келог за „Фокс њуз“ и додаде дека од 2008 година се зборува дека Украина нема да биде членка на Алијансата.

Тој најави дека следната недела американски претставници ќе отпатуваат во Лондон за да разговараат за завршување на војната во Украина.