Skip to main content
Хроника

Пет лица приведени за дрога во Битола

19/04/2025  11:44

На 18.04.2025 полициски службеници од СВР Битола на ул. “Ѓорѓи Бејарев“ во Битола лишиле од слобода 22 годишно лице од Битола бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 18.04.2025 во 18.50 часот на ул. “Смилевски конгрес“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 22 години од Битола бидејќи при преглед кај истите била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 17.04.2025 во 17.45 часот на ул. „Новачки пат” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 37 и 41 година, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едното лице била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветњн поднесок.