Skip to main content
Скопје

Автомобил влечеше коњ со јаже низ Скопје (ВИДЕО)

17/04/2025  17:06

Денеска во центарот на Скопје, граѓаните беа сведоци на вознемирувачка сцена – автомобил влечеше коњ со јаже низ улиците, објави 4News.

Настанот предизвика шок и револт кај случајните минувачи.

Засега не е познат идентитетот на лицето што управувало со возилото, ниту причините зошто животното било влечено на ваков начин, но граѓаните бараат итна реакција од надлежните институции и соодветна санкција за сторителот.

Видеото можете да го погледнете на Фејсбук со клик ТУКА.