Skip to main content
Хроника

41 годишна жена измамила битолчанец, му зела 22.500 евра за вработување на син му во полиција

17/04/2025  17:00

На 15.04.2025 во 10.30 часот во СВР Битола, 64-годишник од Битола пријавил дека во периодот од 15.09.2024 до пријавувањето бил измамен од 41 годишна жена од Битола за сума од 22.500 евра.

Според пријавеното, пријавената се претставила дека е вработена во МВР и тој во повеќе наврати и исплатил вкупно 27.000 евра за да му помогне со вработување на неговиот син, да му помогне при купување на стан во Скопје, како и за други услуги и за трошоци за адвокати и нотари.

Како што е пријавено, бидејќи ниту една од услугите не била завршена тој почнал да си ги бара парите и му била вратени 4.500 евра, а останал оштетен за 22.500 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.