Skip to main content
Македонија

Преку Црвен крст собрани над 128 и исплати над 86 милиони денари на семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани

17/04/2025  15:08

Во рамки на апелот на Црвениот крст на Република Северна Македонија за помош на настраданите од трагичниот пожар во Кочани, заклучно со 17 април 2025 година, се собрани вкупно 128.011.651 денар.

Како што информираат од Црвениот крст, денеска е извршен трансфер на финансиски средства кон 62 семејства на починатите лица, со што досега се исплатени вкупно 86.100.000 денари на семејствата погодени од трагедијата.

Организацијата посочува дека, заедно со своите партнери, продолжува со активностите на терен, вклучително и испорака на психосоцијална и друга поддршка за погоденото население.