Skip to main content
Хроника

Заталкан куршум оштети стакло на паркирано возило во скопско

17/04/2025  14:28

Синоќа во 21.25 часот во СВР Скопје, С.С.(45) од село Глумово, скопско, пријавил дека во дворот на семејната куќа во с.Глумово паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило ветробранското стакло на неговото паркирано возило „фолксваген пасат“.

Полицијата соопшти дека се работи на расчистување на случајот.