
Полицијата во Битола поднесе кривична пријава против 63-годишниот Т.Г. од с.Канино, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело изработување и држење на оружје.
„На 13.12.2023 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што било констатирано дека на неовластен начин вршел доработување и изработување на огнено оружје во импровизирана работилница во склоп на неговиот дом во с.Канино. При претресот било пронајдено пневматско оружје, за кое не поседувал документација и пиштол кој продуцира звучен ефект“, велат од МВР.