Skip to main content
Скопје

Бесплатен паркинг за време на велигденските празници на делови од Скопје

17/04/2025  13:15

„Во петок (18 април), недела (20 април) и понеделник (21 април) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Од ова исклучок се затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил, соопшти ЈП ПОЦ.

Согласно програмата за неработни денови за 2025 година, сабота (19 април) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време.

Депото на Пајак-службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 22 април (вторник) со вообичаено работно време.