Skip to main content
Балкан

Меѓународниот аеродром „Истанбул“ ќе биде првиот во Европа на кој истовремено ќе има слетувања и полетувања од три одделни писти

17/04/2025  10:53

Меѓународниот аеродром „Истанбул“ ќе биде првиот во Европа на кој истовремено ќе се одвиваат слетувања и полетувања од три одделни писти, благодарение на воведувањето на специјален систем за управување со воздушниот сообраќај, изјави синоќа турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу.

„Благодарение на новиот систем, до три авиони ќе можат да слетаат или полетуваат истовремено од три одделни писти“, рече Уралоглу, нагласувајќи дека системот ќе биде пуштен во употреба денеска во 10 часот по локално време.

„Во САД веќе е имплементирана истовремената работа на три одделни писти, но аеродромот во Истанбул прв ќе го воведе овој модел во Европа“, додаде Уралоглу, нагласувајќи дека иновацијата ќе придонесе и за поефективно искористување на расположливата инфраструктура.

Според Уралоглу, подготовките за воведување на новиот систем започнале уште во 2022 година, бидејќи пред воведувањето биле извршени многу тестови, анализи, проучувања и симулации.