Skip to main content
Хроника

Ограбени малолетници на автобуска станица во Скопје: уапсени тројца разбојници

17/04/2025  10:20

На 16.04.2025 околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(19) од с.Кондово, скопско, М.И.(22) и Р.Ф.(20), двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од с.Кучевиште, скопско, а откако го напуштиле местото пресретнале други двајца малолетници од скопските села Идризово и Трубарево.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.