
Една накосена и расклатена клима уред поставена над влезот на Уни Банка во Кавадарци денеска стана симбол за неодговорноста на институциите. Иако опасноста била очигледна – уредот се заканувал да падне врз минувачи и клиенти – надлежните реагирале дури откако била поднесена пријава до Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според информациите од ЦУК, по добиената пријава директорот Стојанче Ангелов веднаш го контактирал градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, по што опасноста конечно била отстранета и климата – фиксирана.
Но останува прашањето: зошто никој од локалните служби не ја забележал или не реагирал порано? Дали треба граѓаните да пријавуваат очигледни опасности за некој конечно да си ја заврши работата?
ЦУК апелира до граѓаните доколку забележат слични ризици по живот, здравје или имот, веднаш да пријават на бесплатниот број 112. Очигледно, граѓанската будност е посигурна од институционалната ажурност.
