Skip to main content
Македонија

Европската комисија ќе бара објаснување од Јаневска за именувањето на Богојески за директор на Националната агенција за мобилност

16/04/2025  16:11

Европската комисија (ЕК) бара да разговара со министерката за образование Весна Јаневска за именувањето на лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Северна Македонија – „Еразмус+“.

Од Европската комисија ова го навеле во одговор на прашање од порталот „Портлаб“, откако во јавноста се појавија низа реакција во врска со назначувањето на Богојески, а кои главно се однесуваат на неговите ставови искажани за повеќе општествени и политички прашања.

Оттаму велат дека Комисијата не била вклучена во селекцијата и номинацијата и оти сè уште не е официјално известени за назначувањето на Богојески.

„Европската комисија ги забележа медиумските извештаи во врска со назначувањето на г. Петар Богојески за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Северна Македонија. Оваа агенција, назначена од Министерството за образование и наука, е одговорна за спроведување на програмите ‘Еразмус +’ и Европскиот корпус за солидарност под индиректно управување во Северна Македонија. Комисијата не беше вклучена во процесот на селекција и номинација на г. Богојески и сè уште не е официјално информирана за тоа“,велат од ЕК.

Оттаму наведуваат дека ја забележале, како што велат, значајната загриженост во врска со некои негови претходни јавни активности и изјави.