Skip to main content
Хроника

Приведен 22-годишник, со „бмв“ возел 96 километри на час во место каде е дозволено 40

16/04/2025  12:26

На 15.04.2025 во 16.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Л.И.(22) од село Липково.

При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ со брзина од 96 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.