Skip to main content
Хроника

Вработен пријавил физички напад од сопственик на фирма во Кавадарци

02/11/2024  11:53

Вработен пријавил физички напад од сопственик на фирма во Кавадарци, а приведен е и жител на неготинско село кој ја нападнал сопругата, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Подоцна, во 21:25 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода Ц.Ј., 66-годишник од неготинско село, затоа што во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 63-годишна сопруга.

Ц.Ј. бил задржан во полициска станица. За настанот, известен бил јавен обвинител. По документирање на случајот, против Ц.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од СВР – Велес.

Оттаму информираат и дека вчера во 13 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино извршиле претрес во домот на А.Т., 45-годишно лице од Демир Капија. Тоа, по претходно издадена наредба од Основен суд – Неготино.

При претресот биле пронајдени и одземени пакувања со пиротехнички средства-петарди. По документирање на настанот, против А.Т. ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрчкувачки материи“, предвидено по член 396 од КЗ, додаваат од СВР – Велес.