Skip to main content
Хроника

Истепан фудбалер од Грнчари, жртвата заврши во „Св. Еразмо“, а тепачот во станица

14/04/2025  12:54

Вчера полициски службеници од СВР Охрид го уапсија С.Б.(43) од селото Волино, општина Дебрца.

Тој, по завршување на фудбалски натпревар од Третата фудбалска лига во Волино, физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.