Skip to main content
Македонија

Петок е неработен само за православните, во понеделник неработен ден за сите граѓани

14/04/2025  09:56

По четири работни дена, следи продолжен четиридневен викенд за православните верници во земјава.

За православните верници неработен ден ќе биде и 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден.

За сите граѓани неработен ден ќе биде 21 април (понеделник), вториот ден на Велигден според православниот календар.

Христовото воскресение-Велигден се слави во недела, 20.април.