Skip to main content
Балкан

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Снимен моментот на уривање на железничката во Нови Сад

01/11/2024  19:36

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ најпрво изјави дека има 11 жртви, но вечерва потврди дека е извлечено и 13-то тело од несреќата што се случи во Нови Сад, додавајќи дека не очекуваат да бидат пронајдени повеќе жртви.

– Кога имавме осум жртви, знаевме дека под урнатините има уште пет лица за кои не можевме да утврдиме дали се живи или мртви – изјави Дачиќ за новинарите.

Како што вели, тие не давале знаци на живот, а тежината на повредите не дозволила никому да му се помогне.

– Смртта настапила на лице место – додаде министерот.

Дачиќ им оддаде почит на сите што учествувале во кампањата за спасување и во тек е идентификацијата на жртвите.

-Тоа се тешки сцени. Сите овие бетонски конструкции треба да се подигнат – рече тој, пренесуваат агенциите.

Во меѓувреме е објавено видео од моментот на уривањето на настпрешницата на железничката станица. Предупередуваме, видеото е вознемирувачко.

Видеото можете да го погледнете на Имстаграм со клик ТУКА.