Skip to main content
Македонија

Викендов ќе ни биде уште потопло, температурите ќе надминуваат 20 степени!

11/04/2025  07:44

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на овој викенд, територијата на нашата Република Македонија ќе биде под влијание на потопла воздушна маса од југ. Сепак, утре (сабота 12 април) сеуште особено во Повардарието и во источните предели ќе дува повремено засилен до силен ветер од северен и од северозападен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Утре (сабота 12 април) во попладневните часови ќе има појава на локален краткотраен дожд и услови за ретки грмежи, додека само на највисоките планини ќе има услови за слабо провејување на снег. Во недела (13 април) брзината на ветерот значително ќе се намали и времето ќе биде стабилно, со појава на умерена локална облачност.

И во Скопскиот регион утре (сабота 12 април) сеуште ќе дува засилен ветер од северен правец, а потоа ветерот значително ќе ја намали својата брзина, и тоа во недела (13 април).

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 9 степени. Преку ден пак тие ќе се искачуваат од 15 до 23 степени. Во Скопје  и околината температурата за време на овој викенд ќе се искачи до околу 21 степен.