Skip to main content
Балкан

Телото на шестгодишно дете е извлечено од под урнатините од Железничка станица во Нови Сад

01/11/2024  18:01

Според министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, во трагедијата што се случи денеска околу пладне во Нови Сад кога се урна натстрешницата на Железничката станица, загинало и шестгодишно дете.

Според него, во трагедијата досега загинале 11 лица, додека три лица се уште се борат за живот. Најшокантно било кога го пронашле телото на момчето меѓу урнатините.

– Гагиќ, еден од шефовите на управата за вонредни ситуации, заплака кога виде дека, ми се чини, почина и шестгодишно дете, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека се уште се идентификуваат жртвите, а се плаши дека бројката ќе расте и повеќе.