
Попладнево имало пожар кај Психијатриската болница во скопско Бардовци.
Според информациите, пожарот избил на плац со стари возила.
Скопската Противпожарна служба информира дека се запалени пет коли, а нема повредени ниту е зафатената болницата.
„Пожарот е изгаснат. Се интервенираше со 4 возила и 10 пожарникари. Станува збор за стари коли од кои се препродавале делови”, велат од Пожарната.