Skip to main content
Балкан

Бројката расте: Засега 11 лица загинати во Нови Сад, меѓу нив и дете

01/11/2024  17:57

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека загинале 11 лица.

Тој за ТВ Пинк изјави и дека три лица се спасени.

„Спасени се и две жени кои биле под урнатините со кои имале контакт во текот на денот“, вели Дачиќ.

Тој рече дека дошло до недоразбирање со медиумите, а девојката која е спасена нема 14 туку повеќе од 20 години, но тоа е помалку важно.

„Меѓу жртвите има и дете“, изјави Дачиќ.

Според него, веројатно има уште тела под урнатините.

-Овој број сигурно нема да биде конечен – рече Дачиќ, додавајќи дека се трага по исчезнатите.