Skip to main content
Хроника

Грчки државјанин уапсен на Табановце за давање поткуп од пет евра

09/04/2025  10:02

Грчки државјанин е лишен од слобода на Граничниот премин Табановце под сомнение за давање поткуп. Како што информира Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 8 април 2025 година во 10:05 часот.

Станува збор за 40-годишниот С.П.П. од Република Грција, кој при влез во државата, за време на граничната контрола, на увид дал документи за патничко возило марка „Форд“ со германски регистарски таблички, а во зелениот картон ставил банкнота од пет евра.

Поради основано сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ по член 358 став 1 од Кривичниот законик, лицето е приведено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.