Skip to main content
Хроника

Претрес во охридско, пронајдена дрога, приведено едно лице

09/04/2025  09:39

На 08.04.2025 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(26) од с.Косел, охридско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.