
На Фрушка Гора Србија параглајдерист се заглавил на гранките од дрвјата. Успеал да ги повика спасувачите од Службата за спасување на планина (ГСС) во Нови Сад, кои брзо пристигнале на местото на настанот и започнале, како што велат, напорна техничко спасувачка операција, објавија српските медиуми.
Како што соопштија, на спасувачите им биле потребни 35 минути за безбедно да го спуштат параглајдеристот.