Skip to main content
Хроника

Гостиварец со месеци ѝ се заканувал и не ја оставал на мир поранешната девојка

08/04/2025  10:55

Вчера во 18.00 часот на улица „Момир Андоноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Џ.М.(23) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 18-годишна девојка дека подолг период агресивно се однесувал кон неа и ѝ се заканувал.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.