Skip to main content
Македонија

Таравари се сретна со регионалната директорка на УНФПА, Флоренс Бауер

01/11/2024  13:02


Интегрален текст од соопштение за јавност на Алијанса за Албанците:

Претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, во рамките на 74-от Регионален состанок на СЗО, одржа билатерална средба со регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Флоренс Бауер.

На средбата беше дискутирано за досегашните успеси во соработката, вклучувајќи го намалувањето на смртноста кај мајките и новороденчињата, воведувањето на мобилни гинеколошки клиники и зајакнувањето на скринингот за рак на грлото на матката.

На крајот, оваа средба ја нагласува заедничката посветеност за подобрување на здравствените услуги и обезбедување подобра покриеност за сите граѓани, приближувајќи ја земјата поблиску до европските здравствени стандарди.

Министерството останува посветено на продолжување на заедничките напори за напредок во универзалното здравствено покривање и промоција на сексуалното и репродуктивното здравје преку широка соработка на патот кон ЕУ.