Skip to main content
Балкан

Пожар во Ниш, едно лице загина, повреден е пожарникар

27/03/2025  19:13

Пожар во подрумски простории на зграда во Ниш, во кој денеска загина едно лице, попладнето е изгаснат, соопшти МВР.

Според соопштението, припадници на Секторот за вонредни состојби пожарот го изгаснале околу 17.27 часот, а при интервенцијата е повреден еден пожарникар.

Девет лица претходно беа евакуирани како мерка на претпазливост.