
Никола Јокиќ пропушти пет натпревари поради повреда на зглобот на левата нога. Се врати и веднаш одигра натпревар кој влезе во историјата на и НБА лигата. Тој постигна 39 поени (16/25 шут од поле) со 10 скока и 10 асистенции во победата на Нагетс над Бакс од 127:117.
Ова за Јокиќ е 30-ти трипл-дабл сезонава, што е негов личен рекорд, но и рекорд на Нагетс. Претходно ниту еден играч од оваа франшиза нема одиграно толку трипл-дабл натпревари во една сезона.
Јокиќ со одличен настап влезе во аналите на НБА. Тој стана четвртиот кошаркар откако постои лигата со 30 трипл-дабл натпревари во една сезона. Пред него тоа им успеаја на Расел Вестбрук (три пати), Оскар Робертсон и Вилт Чембрлен.
JOKIC DIME OF THE YEAR???! 😱😱
ARE YOU KIDDING ME. pic.twitter.com/hyYEnin3XS
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 27, 2025
Еден потег се издвојува во незаборавната игра на српскиот феномен. Во третата четвртина при водство на Денвер од 74:66, Јокиќ тргна кон кошот, делуваше дека ќе оди на положување, но, потоа се сврте и изведувајќи пируета и без да погледне зад грб му ја додаде топката на Арон Гордон.
Јокиќ со маестрална асистенција ги испрати во празно Кајл Кузма и Брук Лопез, при што овој ја бараше топката во спротивна насока од онаа во која ја испрати Јокиќ.
This Jokic angle is WILD pic.twitter.com/ALSHxrBcxw
— Zach Bye (@byesline) March 27, 2025
Јокиќ уште еднаш спектакуларно покажа дека е единствен по тоа што е центар со техника и мозок на плејмејкер.
Оваа негова акција е вирална. Таа на „Х“ ги предизвика следните коментари со снимката од магијата на Јокиќ: „Она што го направи Јокиќ е невозможно“, „Асистенција на годината“, „Ова е доказ дека Јокиќ е најдобриот кошаркар на светот“, „Нереално“…