Skip to main content
Македонија

Крваво утро во Волково: Две жртви во пукање, малолетник повреден

24/03/2025  10:48

Две лица го загубија животот, а малолетник во релативно стабилна состојба е пренесен во болница. Ова е епилогот од пукањето што утрово се случи во скопската населба Волково, во општина Ѓорче Петров.

Според официјалните информации од МВР, инцидентот бил пријавен околу 09:00 часот, а полициските службеници затекнале две починати лица – Р.Ц. и М.Н., кои им подлегнале на повредите на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Како можен сторител се посочува М.Н., а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Повредениот малолетник е пренесен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде што е во стабилна состојба. Понатамошниот медицински третман ќе продолжи на Клиниката за пластична хирургија.

Истрагата е во тек, а повеќе информации се очекуваат во наредните часови.