Skip to main content
Македонија

Еуроњуз: Македонија се оддалечува од ЕУ и се усогласува со блокот Русија, Унгарија и Србија

24/03/2025  10:40

Како што Северна Македонија водена од сегашната влада, се оддалечува од патот кон членство во ЕУ, таа се повеќе се усогласува со блокот што ги вклучува и Унгарија, Русија, Србија и Кина. Со поддршка на нелиберален владин модел, финансирање на националистички медиуми и заштита на политичките сојузници како Груевски и Мицкоски, Орбан го консолидира своето долгорочно влијание на Балканот, вели за Еуроњуз Димитар Керанов, експерт во Германскиот Маршалов фонд, евроатлантски тинк-тенк.

Но написот на Еуроњуз зборува и за влијанието што Унгарија и Виктор Орбан го имаат во медиумскиот простор во Македонија.

„Со стратешкото стекнување на клучни ТВ канали и информативни портали, Будимпешта веќе влијае на јавниот дискурс во Северна Македонија, пишува сервисот Еуроњуз, додавајќи дека со поддршка на нелибералниот владин модел и финансирање на националистичките медиуми, Орбан го консолидира своето долгорочно влијание на Балканот.

Од друга страна, експертот Керанов вели дека со стратешкото стекнување на клучните телевизиски канали и портали за вести, влијанието на Будимпешта сега проникнува во јавниот дискурс на Македонија.

„Двајца директори на медиумите, Петер Шац и Агнес Адамик, организираа купување на значајни медиуми, меѓу кои ТВ Алфа, Република, Курир, Лидер, Денешен, Економски, Вистина и НетПрес. Заедничко им е тоа што сите се усогласуваат со владејачката нелиберална и националистичка партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзините лидери, вклучително и премиерот Христијан Мицкоски“ додава тој.

Истрагите открија дека каналите кои се пријателски на ВМРО-ДПМНЕ добивале и индиректна финансиска поддршка од унгарски бизниси преку реклами. Оваа финансиска поддршка помогна да се одржат медиумските мрежи усогласени со Никола Груевски, кој побегна во Будимпешта во 2018 година за да избегне пресуда за корупција и оттогаш останува таму под заштита на Виктор Орбан, се наведува во текстот на Еуроњуз.