
Независниот студентски сојуз е огорчен и разочаран од политичките влијанија и мешањето во нашите искрени и чесни намери.
Денес, се појави видео материјал кој потврдува политичка вмешаност, при што огромна група на студенти се наоѓа под обид за манипулација. Ова не е нешто што сакаме да дозволиме.
Поради тоа, собирот кој беше закажан за утре во 13:00 часот пред платото на УКИМ се откажува, се додека не ги дистанцираме сите обиди за политичко влијание.
Во наредниот период, ќе ве информираме за следните чекори.
Повторно апелираме до политичките партии да стојат настрана од искрените и чесни намери на студентите за нивно организирање!