Skip to main content
Македонија

Периодот на суво и стабилно време продолжува во Македонија, но подгответе се за значително поладен период!

31/10/2024  09:25

Метео анализа на Славчо Попоски:

До крајот на денешниот ден, утре (петок), како и за време на викендот во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и на сончево време, повремено со појава на умерена облачност. Сепак, и покрај ова, температурите ќе бележат тендција на постепено опаѓање, особено од овој викенд, кога повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, и истиот најизразен ќе биде Долж Повардарието.

Само накратко во недела ќе има услови за сосема слаб, локален и краткотраен дожд.

Во Скопје  и околината, исто така продолжува периодот на стабилно, суво и на сончево време, повремено со мала до умерена облачност. Особено за викендот повремено ќе дува засилен ветер од северозападен правец.

Како што погоре напоменав, температурите постепено ќе опаѓаат, а поголем пад на температурите ќе има од недела кога тие ќе опаднат за 6 до 9 степени во однос на оние кои ги имаме сега. Додека наутро веќе на повеќе места во Македонија и тоа особено од почетокот на следната седмица ќе се создаваат услови за појава на мраз и на слана.

Се на се, од недела (3.11.2024) влегуваме во значително поладен период кој ќе се задржи во поголем поголем дел од месец Ноември, а температурите ќе бидат потпросечни.