Skip to main content
Македонија

Палевски ја сликал Вања со вперен пиштол за родителите да дадат побрзо пари за откуп

19/03/2025  14:27

Јас ја одлепив лентата од устата на Вања за да може Љупчо Палевски да ја слика со вперен пиштол за родителите побрзо да дадат пари за откуп, раскажа обвинетиот Велибор Манев во денешното сведочење за тоа како го грабнале девојчето.

Тој вели дека според она што им го кажал Палевски, договорот бил да се грабне 40-годишна жена, ќерка од првиот брак на познат фармацевт во Македонија.

Тој повтори дека за Алекдандар првпат слушнал во полиција и таму го видел на слика. Во полиција при крајот на распит го натерале да каже дека Палчо и Александар се познаваат и комуницираат.

Првите денови размислував да се самоубијам, призна Манев.