Skip to main content
Македонија

Костадинов: Разберете го гневот на народот, сите сме дел од системот кој е р’ѓосан

19/03/2025  14:23

Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов се обрати на социјалните мрежи, повикувајќи на разбирање и единство.

„Немојте ништо да коментирате, разберете го гневот на народот, прифатете дека сите сме системот кој е рѓосан. Потпрете се на Бог, разберете ја промислата, искрено сочувствувајте и молете за ублажување на болката на сите, на починатите, на повредените, на сите нас како граѓанство кое е пребодено со отровни стрели.

Најдете утеха кај сите вас и споделета ја со ближните луѓе на настраданите…Јас не решив да коментирам ниту за вина, ниту за дрон, ниту за ништо, едноставно имам чувство дека горчлива е атмосферата воопшто секаде не во државата, туку на цел балкан. Мојата обврска е да бидам со семејството, колку што можам, да бидеме заедно во молитвите кон Бог“ напиша тој.

Костадиниов во продолжение пишува дека имал аманет од семејството на починатиот музичар Ѓорѓи Ѓорѓиев кој беше дел од ДНК но дека тој аманет нема да го обелодени јавно.

„Аманет од семејството имам да се исполни нивната желба, која што не сакам јас да ја обелоденам. Но можам мои две месечни плати ги насочам кон реализација на волјата на семејството на нашиот Ѓорги. Господ нека им ги прости душите, нека ни ја смири болката и ни помогне да ја разбереме неговата промисла“ пишува Костадинов.