Skip to main content
Македонија

(Видео) Со свеќи и „ѕвездено небо“ Скопје оддава почит за жртвите во Кочани

18/03/2025  18:46

Илјадници граѓани излегоа на плоштадот Македонија во Скопје да оддадат почит за загинатите од трагедијата во Кочани.

Граѓани палат свеќи и оставаат цвеќиња пред централната фонтана во спомен на 59те жртви од пожарот во дискотеката „Пулс’ во Кочани.

Во еден момент тие ги вклучија светилките од мобилните телефони, правејќи „ѕвездено небо“ како последен поздрав за загинатите млади луѓе.

Атмосферата на плоштадот е мирна и траорна по големата трагедија во Кочани кога 59 лица го изгубија животот, а 196 се на лекување.