
На градскиот плоштад во Скопје започна мирниот собир за оддавање почит на загинатите во трагичната несреќа во Кочани.
Граѓани, во главно млади лица се уште пристигаат на плоштадот Македонија а на самиот старт од собирот се обрати граѓанка на Скопје.
„Криминалот цвета во сите пори, а никој од никаде не се јавува. До кога овој народ ќе трпи? Малку е ова што сме собрани. Како им е на тие родители што ги изгубија децата, а и ние сме родители. Нека отидат во судството да видат каков криминал им цвета. За што да се плашам? Од кого ние се плашиме?“ рече возрасна госпоѓа на градскиот плоштад.

На плоштадот се собрани неколку илјади граѓани а дел од нив носат транспаренти со сочувство за настраданите, но и со барања за одговорност.